Достапни линкови

logo-print

Америка се збогуваше од поранешниот претседател Роналд Реган


Америка се збогуваше од поранешниот претседател Роналд Реган. Неговиот ковчег беше поставен во близина на неговата претседателска библиотека во Лос Анџелес, Калифорнија. Претходно, на погребната церемонија во Вашингтон, последна почит му одадоа, многумина сегашни и бивши светски лидери.

„Го загубивме Реган само пред неколку денови, но ни недостигаше долго време.“

рече американскиот претседател Џорџ Буш кој, одавајќи му почит на Роналд Реган, оцени дека неговиот живот бил голема американска приказна: од холивудски актер до врвот на амерканската политика. Меѓу присутните на церемонијата беа и поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и британската премиерка Маргарет Тачер со кои Роналд Реган соработуваше за време на неговиот претседателски мандат во текот на осумдесетите години. Реган почина во минатата сабота на деведесет и три годишна возраст.
XS
SM
MD
LG