Достапни линкови

Калифорнија: Почина Реј Чарлс


Реј Чарлс, еден од најпопуларните американски пејачи, синоќа почина на седумдесет и три годишна возраст во неговиот дом во Калифорнија. Иако, слеп од својата седма година, а сираче од петнаесетата, Реј Чарлс стана синоним за поместувањето на границите на различните музички правци: блузот, госпелот, свингот, џезот. Ај кент стап лавинг ју и Хит а роуд Џек, се само дел од неговите најпопуларни песни. Овој пејач и пијанист последен пат се појави во јавноста на триесети април годинава кога градот Лос Анџелес, неговото студио го прогласи за историски споменик.
XS
SM
MD
LG