Достапни линкови

Пакистан: Пакистанската војска ги продолжува борбите со вооружените групи на границата со Авганистан


Пакистанската војска соопшти дека ги продолжува борбите против вооружените групи во близина на границата со Авганистан. Во изминативе три дена, како што е прецизирано, во овие борби загинале триесет и пет странски милитанти и петнаесет пакистански војници. Властите во Исламабад веруваат дека милитантите се припадници на терористичката мрежа Ал Каида.
XS
SM
MD
LG