Достапни линкови

Според економистите, за сега нема опасност од глобална инфлација


Растењето на цените на нафтата придонесе за згиолемување на загриженоста од глобална инфлација. Банкарите внимателно ги следат цените. Американската Централна Банка најави дека е можно зголемување на каматите за да се намали притисокот од скок на цените. Економистите сепак не очекуваат инфлација токму затоа што и најслините економии се сеуште слаби.

Цените на сировата нафта го достигнаа највисокото ниво во изминативе 21 година поради загриженоста од терористички напади на Блискиот Исток и тенките резерви. Стравот од инфлација се базира на логиката дека компаниите се присилени да наплатат повеќе за енергијата поради што се зголемува цената на финалниот производ и спиралата на пораст на цените тргнува напред. Нешто слично се случи пред 30 години што резултираше со висока инфлација и економска рецесија. Креаторите на политиката, таканаречените полисмејкери гледајки назад во тие црни денови велат дека ќе сторат се за историјата да не се повтори. Стефан Шнајдер економист на Дојче Банк од Франкфурт го признава фактот на зголемување на цените но вели дека тоа не значи дека ќе дојде до генерална инфлација.

„Не, јас мислам дека ке видите дека големото зголемување на цените е привремено. Исто така она што го гледаме во Германија а и во други земји е големо зголемување на цените контролирани од државата што преставува еднократен настан.“

Имено, според економистот Шнајдер постојат битни разлики меѓу сегашната состојба и онаа од пред 30 години. Економиите се се ште слаби по 4 годишниот слаб или никаков разстеж. Од друга страна пред една година екомистите стравуваа дека ќе дојде до дефлација до намалување на цените, а не инфлација. Економистите велат дека им се потребни уште податоци за да се изведе финалниот заклучок но дека Централните Банки се на високо ниво на тревога за да ги зголемат каматите доколку е неопходно. Американската Ценнтрална Банка односно Федералните Резерви, како што нашироко се верува тоа ќе го сторат на 29, 30 јуни што ќе биде за прв пат по 4 години. Се проценува дека враќањето на инфлацијата би било катастрофално за светската економија, а фрагилното глобално заздравување е во тек. Но кога Централните Банки ги зголемуваат каматите за да го намалат притисокот на цените тогаш се ограничува економскиот растеж и вработувањето. Шнајдер од Дојче Банк сепак има верба во Централниет Банки .

„Централните Банки генерално добро ја вршеа работата во изминативе 20 години во пристапот кон инфлацијата. Потрошувачите се уште веруваат во нив дека нема да дозволат генерална инфлација.“

Ова, вели Шнајдер, ке го олесни дејсвотото на Банките доколку зголемувањето на цените на нафтата го најде патот до глобалната економија.
XS
SM
MD
LG