Достапни линкови

Од 30 јуни пренос на суверенитетот на привремената влада


Американскиот амбасадор во Обединетите Нации, Џон Негропонте, кој наскоро ќе биде амбасадор во Ирак, оцени дека нема двоумење оти ирачката влада ќе добие целосен суверенитет.

„Оваа Резолуцијата е недвосмислена дека ирачкиот суверенитет ќе биде обновен, а ирачката влада ќе има овластувања да реши дали ќе побара помош и каква, вклучувајки го и безбедносниот сектор.“

Речиси сите претставници во Советот за безбедност изразија задоволство што Соединетите Држави и Велика Британија ги прифатиле сугестиите за содржината на резолуцијата. Внесен е и краен рок за повлекување на меѓународните сили од Ирак, јануари 2006-та година, но Ирачката влада може да побара и скратување на тој рок. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан го поздрави едногласното усвојување на резолуцијата за Ирак.

„Верувам дека ова е одличен израз на волјата на меѓународната заедница, предводена од Советот за безбедност, повторно да се обедини за да му помогне на ирачкиот народ да биде одговорен за својата политичката судбина.“

Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека гласањето е победа за ирачкиот народ, а рускиот лидер Владимир Путин изјави дека без резерви може да се каже оти станува збор за голем чекор напред.

„Меѓународната заедница покажа дека е со ирачкиот народ. Советот за безбедност ги подржа преодната влада, изборите и меѓународните сили.“

„Се надевам дека моето мислење го делат сите членки на Советот за безбедност, дека бевме сведоци на многу конструктивен дијалог, кој донесе прогрес во изминативе неколку дена.“


Франција, Германија и Канада исто така ја поздравија резолуцијата, повторувајки дека нема да испратат сили во Ирак, но ќе ја зголемат помошта за обновата на земјата. Кина најави помош од 25 милиони долари, како и можно отпишување на ирачкиот долг, а амбасадорот Ванг Гуангџи изрази задоволство од постигнатиот консензус за Ирак.

„Се надевам дека оваа епизода ни покажа оти мултилатерализмот и Обединетите Нации се сеуште важни за крупните прашања.“
XS
SM
MD
LG