Достапни линкови

Во усогласувањето на законите за децентрализација треба да се вклучи опозицијата


Клучно прашање во моментов е вклучувањето на опозицијата во преговорите за пакетот закони за децентрализација кои се водат меѓу владините коалициони партнери, сметаат експертите. Тоа го бараат и одредбите од Охридскиот договор според кои законските проекти кои произлегуваат од овој договор треба да бидат усогласени меѓу потписниците на Рамковниот Договор, вели рофесорот Владо Поповски кој инаку беше активно вклучен во изготвувањето на охридскиот Договор:

“Бидејќи по тоа прашање заседава само владината комисија, се добива чувство, а тоа чувство е многу блиску до реалноста, дека практично има политичко И партиско пазарење во инаку таа многу чувствителна зона. Обично партиите коишто се во владината коалиција, главно тргнуваат од партиските интереси. Клучното праШање е сега во овој процес да се вклучи опозицијата и локалните власти. Тоа не се прави и од тие причини мислам дека е пропуштена шансата. Второ ќе ги видиме реакциите на граѓаните, дали законот воопшто ќе легне како пракса или ќе создава големи проблеми.”

Извори од Министерството за локална Самоуправа велат дека временскиот период е прекус за да во преговорите биде вклучена и опозицијата. Доколку има поголеми недоразбирања откако за пакетот закони влезе во Собраниска процедура тогаш претседателот на државата е тој кој би реагирал и ги повикал на разговори лидерите на политичките партии, велат од ова министерство.
Инаку според професорот Владо Поповски, меѓународните преставници во земјава во моментов не би инситирале на вклучување на опозицијата во преговорите.

“Меѓународната заедница е можно да сугерира, меѓутоа, таа нема да инсистиара, бидејќи процесот сепак зависи од внатрешните политички сили и било какво инволвирање од руга природа може да биде разбрано поинаку, шпекулирано во политичката јавност.”

Доколку пакетот закони за дерцентрализација бидат донесени без согласност на опозициските партии се остава простор по евентуална промена на власта во земјава истите закони повтоно бидат изменети иако тоа не би било пожелно смета професорот Поповски.

“По принципот како се донесуваат закони, се разбира дека секој собраниски состав носи закони коишто смета дека треба да ги донесе и тоа може да се скучи. Меѓутоа, афектира, една лоша пракса на постојано менување на законите.”
XS
SM
MD
LG