Достапни линкови

Редовен самит на седумте најразвиени земји и Русија


Од денеска до 10 јуни во американската држава Џорџија ќе биде одржан редовниот самит на седумте најразвиени држави и Русија – Г-8. На врвот на агендата е контроверзниот американски план за промоција на демократијата на Блискиот Исток познат како Голема Блиско-источна иницјатива. Европската Унија соопшти дека го модифицирала овој план за да биде по прилагодлив за муслиманските влади и општествата во регионот.

По низата критики на оригиналниот американски план промоција на демократијата на Блискиот Исток, Европската Унија предлага модификации и го проширува на Блискиот Исток и Северна Африка. Стефан Санино специјален советник на Евро - комесарот Романо Проди за прашањата на Г- 8 во Брисел изјави.

„Ова започна како американска иницијатива, но сметаме дека ја обликувавме на начин кој е многу повеќе на линија на нашите идеји за тоа како да се справиме со Блискиот Исток.“

Санино додава дека иницјативата ке им се обрати на сите новоа на муслиманските општества, од владите до цивиното општество и бизнисите. Унијата верува дека се раширени барањата за реформи во регионот, но оти соработката мора да биде базирана врз партнерство и дијалог.

„Во суштина таа е базирана врз идејата за партнерство и дијалог, и на потребата од долгорочено инволвирање, без едностран пристап, туку на уникатниот карактер на овие земји.“

Официјалните лица на Европската Унија се оптимисти дека муслиманските влади ке го подржат овој план, во кој се наведува дека решавањето на израелско арапскиот конфликт е клуч за иднината на регионот.

„Декларацијата исто така ја истакнува важноста од решавањето на израелско арапскиот конфликт како стратегиски приоритет, но исто така се подвлакува фактот дека прогресот или недостиг од прогрес за решавање на израелско арапскиот конфликт не може да стане пречка за реформите во регионот.“

вели Санино и додава дека стратегијата задржува многу од иницјалниот американски план и пристап. Доброто владеење, владеењето на законот, демократијата, малцинските права, правата на жените и образованието остануваат главни цели. Официјално лице на Европската Унија кое сакашае да остане анонимен изјави дека за Унијата е централно да се избегне патронизирањето на партнерските држави. Потписот на Г-8, вели тој, ќе ги признае овие цели и ќе ги потикне реформите однадвор. На самитот на Г-8 во Џорџија Соединетите Држави ќе се дискутира и за Ирак уште една силна точка на несогласување меѓу некои европски земји и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG