Достапни линкови

Брисел: Македонското малцинство во Грција сеуште се соочува со потешкотии со признавањето


Македонското малцинство во Грција се уште се соочува со потешкотии со признавањето од страна на грчките власти. Ова се вели во денеска објавениот годишен извештај на Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата. Македонците, како што се додава, се цел на предрасуди и стереотипи и понекогаш се соочуваат со дискриминација, посебно на пазарот на трудот. Во извштајот исто така се вели дека претставници на македонската заедница побарале од грчките власти да го признаат нивното право на национално определување, како и постоењето на македонско малцинство во Грција.
XS
SM
MD
LG