Достапни линкови

Париз: Франција ќе ја поддржи резолуцијата на ОН за идното уредување на Ирак


Франција денеска најави дека ќе ја поддржи резолуцијата на Обединетите Нации за идното уредување на Ирак откако Соединетите Држави и Британија внесоа измени во врска со претходните забелешки на Париз. Шефот на француската дипломатија Мишел Барние, чија земја има право на вето во Советот за Безбедност, изјавувајќи дека Париз се уште не е целосно задоволен со текстот на резолуцијата, сепак најави дека ќе гласа позитивно. Дипломатите во Њујорк очекуваат оваа резолуција денеска едногласно да мине во Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG