Достапни линкови

Промоција на првата публикација посветена на Јадранската повелба


Промоцијата на првата публикација посветена на јадранската повелба и македонскиот пат кон НАТО и Интернет страната на која за прв пат се презентираат податоци за трансформацијата на армиите на земјите членки на јадранската група се само дел од активностите темпирани во пресрет на истамбулскиот самит на НАТО, од кој, Македонија, Хрватска и Албанија, со поддршка и партнерство на Соединетите Држави очекуваат потврда дека ќе бидат примени во членство во Алијансата при следното проширување. Идејата на овие активности во кои спаѓа и претстојната средба на министрите за одбрана на јадранската група што идната недела се одржува во Скопје е да се покаже оти она што започна како иницијатива на самиотот на НАТО во Прага по потпишувањето на зедничката повелба во мај 2003 не остана само на декларативно ниво туку се потврди како вистински инструмент за регионална соработка во приближувањето на стандарните на НАТО. Ова во говорот на денешната промоција го потврди и американскиот амбассадор Лоренс Батлер:

„Во изминатава година бевме сведоци на голем број средби консултации и соработка, видовме како јадранската повелба придонесе кон градењето на довербата меѓу Македонија, Албанија и Хрватска. Кога и да се случи следното проширување на НАТО, а ние искрено би сакале да биде најбргу што е можно, очекуваме сите држави од јадранската група да бидат силни кандидати за членство, силни и поради активностите во рамките на Повелбата, “

рече Батлер . Очекувањата на јадранската група која пред самитот во Истанбул во Скопје ќе одржи средба на министрите за одбрана ги повтори министерот Владо Бучковски:

„За дваесетина дена ќе започне новата ера. Наместо толку споменуваната синтагма, пост прашки период, ќе доминира пост истанбулскиот период. Веруваме дека напредокот на земјите о регионот, од јадранската група ќе бидат констатирани и најдоцна до 2007 ќе бидеме дел од НАТО, преку приемот во следниот круг на проширување. Нашиот влог се 10 милиони Европјани, кои живеат во нашите земји и припаѓаат на европските институции. А, истовремено, сите сме сојузници во борбата против тероризмот.“
XS
SM
MD
LG