Достапни линкови

Погреб на поранешниот американски претседател Реган


В петок ќе биде погребан поранешниот американски претседател Роналд Реган кој на деведесет и три годишна возраст во минатата сабота почина во неговиот дом во Бел Ер во Калифорнија. Тој како четириесети американски претседател од илјада деветстотини осумдесет и првата отслужи два мандата во Белата Куќа.

Роналд Реган беше нарекуван Големиот комуникатор поради неговата способност да артикулира комплексни идеи во неколку обични реченици и да ја задоволи желбата на американците за незаборвани фрази. Тоа впрочем го направи најпопуларен претседател во американската историја, и по два четири годишни мандата ја напушти функцијата со најголем личен рејтинг по оној што претходно го имаше постигнато само Френклин Рузвелт. Дома, регановата политичка филизофија може да се сумира со зборовите на Ралф Валдо Емерсон, американски поет од деветнаесетиот век: Колку имаме помалку власт, толку е подобро. За неговите критичари пак, неговата политика на кратење на социјалните програми и на даноците го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните во Америка. Но, Реган ќе биде запамтен и по неговата посветност да се бори против комунизмот, што некогаш, како со случајот со американската помош за антикомунистичкиот бунт во Никарагава, ја доведе неговата администрација во матни води. Сепак, експертите без двоумење се согласуваат дека филозофијата на Реган доведе до паѓање на комунизмот во Источна Европа. Детантот, политиката на коегзистенција со Советскиот Сојуз, промоворан во седумдесетите години пропадна по интервенцијата на Москва во Авганистан и по распоредувањето советски нуклерани ракети во земјите од Варшавскиот пакт кои можат да стигнат до секој западноевропски град. Во едно такво време, Реган, во емоционалниот говор во британскиот парламент во почетокот на осумдесетите, го најави анти комунистичкиот крстоносен поход.

„Она што го опишувам сега е план и надеж за долго време. Тоа е марш за слобода и демократија кој ќе ги остави марксизмот и ленинизмот во пепелта на историјата.“

Рече Реган, обвинувајќи го Советскиот Сојуз дека оди против тековите на историјата. И покрај тоа што со шеесет и девет години беше најстар човек што стана американски претседател тој беше сведок на четири промени на врвот на советското раководтство. Леонид Брежњев, Јури Андропов и Константин Черњенко починаа додека беа совететски лидери. По нив дојде Михаил Горбачов со кој Роналд Реган одржа четири средби по што дојде до паѓањето на Берлинскиот ѕид. Регановото верување во моќта на зборовите и симболите, позната е неговата метафора за Америка како блескав град на ридот, според аналитичарите, доаѓа од неговата кариера на филмски актер во таканаречената Златна ера на Холивуд во четириесетите години од минатиот век. Иако, не беше ѕвезда како Кларк Гејбл или Кери Грант, сепак Реган со пеесет и три филомови, важеше за популарен актер. Во политиката влезе во илјада деветстотини шеесет и четвртата година како жесток поддржувач на републиканците. Тој последниве десет години живееше со Алцхајмеровата болест, дегенеративна состојба на мозокот која предизвикува губење на меморијата.
XS
SM
MD
LG