Достапни линкови

Блиски Исток: Ал Акса се заканува со одмазднички напади


Милитантите на Ал Акса бригадата од движењето Фатах на палестинскиот лидер Јасер Арафат се заканија со одмазднички акции поради тоа што Израел на доживотен затвор го осуди лидерот Марван Баргути поради убиство на 5 лица од страна на припадници на Фатах. Во меѓувреме израелската влада во принцип го одбри планот на премиерот Ариел Шарон за повлекување на еврејските населби од Газа и делумно од Западниот Брег што од Вашингтон е поздравено како историски чекор. Силван Шалом шефот на израелската дипломатија во меѓувреме во Каиро изјави дека е Египет ќе се грижи за редот и законот за време и по израелското повлекување од Газа предвидено за Март 2005 година. Од Каиро засега нема комантар на оваа изјава.
XS
SM
MD
LG