Достапни линкови

logo-print

Николас Бигман, амбасадор на НАТО во Македонија. Добра вест за Македонија е што јас си заминувам од земјата


Амбасадоре Бигман во јули ја напуштате функцијата. Дали е тоа добра или лоша вест за Македонија?

Мислам дека е одлична вест за Македонија тоа што од мене е побарано да заминам. Ќе ви кажам што беа моите главни задачи тука, прво да се грижам за сите аспекти на безбедноста, главно од меѓуетничка природа, потоа второ заедно со другите претставници на меѓународната заедница да помагам и да го надгледувам спроведувањето на охридскиот договор и трето да и помогнам на Македонија да се приближи до членството во НАТО. Сега за сите три работи Советот на НАТО одлучи и јас се согласувам дека Македонија е способна сама да ги води работите и дека отсега е доволно НАТО да ги дава само советите кои се однесуваат на реформите во одбраната

Тоа значи нема веќе политички совети од НАТО?

Нема да ги има многу. Генерал Блис кој останува највисок претставник на Алијансата ќе работи со ОБСЕ, Европската Унија и другите претстававници на меѓународната заедница. Но, јас мислам дека на Македонија веќе не и требаат толку многу таков тип на совети, особено не од НАТО.

Но, во овие две и пол години колку бевте во Макеоднија имаше периоди кога вие бевте еден од клучните луѓе на тој советодавен дијалог кој несекогаш беше пријатен и впрочем не се доживуваше како таков. Кога според вас беше најдраматично?

Кога дојдов во април па се до времето на изборите во септември беше драматично на свој начин. Но, можеби најдраматичен настан беше на крајот кога во септември имавме слободни избори без насилство. Велам дека беше драматичен настан затоа што во кампањата во времето пред изборите ние значи НАТО дознавме за групи кои подготвуваат насилство. Тие беа поврзани со високи претставници на партиите што тогаш беа на власт. Ние успеавме да ги обесхрабриме да не го прават тоа што го подготвуваа со тоа што јасно им ставивме до знаење дека ги знаеме нивните намери и планови. Тоа се се случуваше како се вели позади сцена и не беше проследено со публицитет но можам да ве уверам дека беше навистина драматично

И сега има ли разлика во сликата на македонија во времето кога дојдовте и сега кога заминувате?

Се разбира сосема е поинаква, разликата е навистина радикална. Знаете во април двеилјади и втората имаше сеуште голема неизвесност. Земјата така да се каже само што се имаше разбудено од операција и ние не бевме сеуште сигурни дали охридскиот договор ќе се одржи. Бевме несигурни во однос на активностите на албанскиот фактор, што ќе направи тој и како воопшто работите ќе се развиваат. Но, оттогаш и особено по изборите во септември иако дури и пред нив бевме сведоци на, според мене, мало чудо а тоа е прифаќањето на шефот на бунтовниците како еден од најодговорните политичари во земјата кој имаше извонредно позитивна улога во одржувањето на земјата. Благодарение на ова и секако благодарение на мудроста на неговите политички партнери од меѓуетнички аспект Македонија е дел од 21 век. Таа може да биде пример за другите места во регионот. Тоа не значи дека проблеми нема, но проблемите во оваа фаза се подобрување на економијата, решавање на невработеноста . Тие се голем предизвик но нивното доаѓање на дневен ред представува подобрување само по себе затоа што сега можете да се фокусирате на вистинските, реалните проблеми.

Велите дека меѓуетничките проблеми сега не се толку присутни. Но сепак, еден од клучните стравувања во пресрет на децентрализацијата и територијалната поделба е стравувањето од етничко чистење. Со други зборови постои стравување во јавноста дека новата териотријална карта која се исцртува практично ќе ја подели земјата?

Не мислам дека тоа ќе се случи. Сите тие општини во основа се мешани, а во мешани општини постои малцинство и мнозинство кои работат заедно. Тука не се работи за ситуација во која некое мнозинство практично се подготвува за приклучување кон некоја соседна земја. Такво нешто не доаѓа во предвид. На ниту еден начин, за тоа не може да стане збор. Такво нешто никогаш нема да биде прифатено од меѓународната заедница. Тоа е дел од минатото. Таква намера едноставно не може да биде поврзана со перспективите на Македонија да се вклучи во НАТО И европската Унија.

Околу перспективите за членство во НАТО. Во последното интервју рековте, а тоа го кажа и генералниот секретар на Алијасата во Скопје дека членството во НАТО зависи не само од воените туку и од политичките реформи. За последниве се стекнува впечаток дека се сумираат во потребата за реформи во судството. Дали е тоа точно?

Да мислам дека е точно. Сеуште мислам дека доаѓањето до ефикасно судство како дел од принципот на владеењето на правото може да се нарече мајка на сите неопходни реформи. Од проста причина потребни ви се судови који можат да делуваат против корупцијата и криминалот. Да делуваат конкретно против оние кои превземале такви активности. Ако не можете да сметате на брзо и ефикасно судство не можете практично ништо на направите против корупцијата и криминалот. Истовремено потребен ви е добар судски систем што ќе ги убеди инвеститорите дека Македонија е безбедно место за вложување на нивните пари, а тие прилично ви требаат ако сакате економијата да тргне кон подобро. Така што, мене ми е драго што реформите на судството стануваат еден од клучните приоритети на новата влада. Тоа ме уверува дека Макеоднија наскоро ќе му се приклучи на НАТО.

Во таа смисла претпоставувам се и високите оценки за реформите во одбраната?

Да. НАТО е задоволен од она што Макеоднија го прави на ова поле. Знаете секоја земја мора да ги адаптира своите воени сили на стратегиските промени, а тоа се случува постојано. Македонија имаше задоцнет старт во адаптиреањето на нејзините воени сили, но откако започна ги продолжи со навистина зачудувачка брзина со цел да создаде воена сила која може да си ја дозволи, која може финансиски да ја одржува од буџеттот, Тоа е од полза како за Макеоднија така и за НАТО. Алијасата е навистина задоволна од она што се прави. Сега е потребно само така да се продолжи и кажано ми е под штабот на НАТО дека Макеоднија е навистина пред Хрватска и Албанија во воените реформи.

Не можам а да не ве прашам на крај и за оценка за политичката сцена во земјава. Имено за време на вашиот ангажман во макеоднија не се двоумевте да давате ваши видувања за работата на владините кабинети, но и на опозицијата. Што мислите сега што и се случува на макеоднската опозиција на пример?

Најнапред дозволете да кажам дека секогаш се обидував да бидам скромен во моите коментари и да постапувам согласно фактот, што сум сепак само гостин во оваа земја. Можеби не бев секогаш успешен во тој обид особено кога чувствував дека истовремнено треба да бидам искрен како што тоа треба да биде секој добар пријател. Што се однесува до вашето прашање за опозицијата, јасно е, демократијата без неа не може. Во моментов центарот така да го наречам, СДСМ и ДУИ се прилично силни, а опозицијата мошне конфузна. Но јас мислам дека ВМРО може повторно да стане силна и релевантна партија доколку го следи примерот на ХДЗ во Хрватска со тоа што ќе се ослободи од најкорумпираните и националистички елементи и ќе развие полезни идеи за тоа како да и се помогне на земјата да се интегрира во европа. Што се однесува на Демократѕската партија на Албанците искрено не сум толку сигурен. Во мемонетов тие се чини како да сакаат да чекорат нанапред гледајќи наназад кон концептот на еднонационалност. Тие две работи не одат заедно.

Што е со позицијата. Во јавноста постои загриженост од фактот што сите клучни позиции на системот се во рацете на социјалдемократите, парламентарното мнозинство, председателот на државата, повеќето министри во владата?

Па во оваа фаза тоа е така затоа што така гласаше населението. Имаше изори и тие избраа председател, мнозинството во парламенотот, владата. Не е на мене да го коментирам тој избор .

Како гледате на иднината на Македонија?

Имам голема доверба во иднината на Македонија. Верувам дека многу напредок може да биде постигнат во следните пет години. Макеоднија е дел од Европа и таа ќе стане дел од европските структури и институции, таа ќе се равие и ќе создава вработувања. Можеби сето ова на моменти ќе оди побавно или побрзо. Тоа ќе зависи од енергијата и фокусирањето на владата и на сите други всушност и јас на сите им посакувам среќа.


А во однос на НАТО. Постојано бараме временски одредници. Какви се вашите проценки, со оглед на очекувањата за покана во двеилјади и шеста?

Што се однесува до НАТО, како што веќе реков во други прилики прашањето не е дали, туку кога. Во голема мерка тоа зависи од Макеоднија. Од засилувањето на нејзината позиција за следниот круг проширување со реформите во одбраната, во судтсвото и со подобрувањето на нејзиниот имиџ како што тоа и го прави во последниве две и пол години. И ако продолжи вака како што сега оди мислам дека имате мошне добри шанси да бидете поканети на следната рунда проширување кога таа и да биде. Мислам дека е добро поставена цел да се работи со очекување на покана двеилјади и шестата. Да се продолжат овие реформи и во двеилјади и шестата да можете да кажете погледнете идни сојузници тоа е она што ние го постигнавме.
XS
SM
MD
LG