Достапни линкови

Рим: Посета на американскиот претседател Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш по денешните разговори во Рим со италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави дека војната против тероризмот е предизвик на новото време и побара од европејците да помогнат во стабилизацијата на Ирак. За разлика од вчера, денеска во Рим нема протести. Буш попладне ќе замине за Франција на средба со претседателот Жак Ширак, а ќе учествува и на утрешното одбележување на Денот Де во Нормандија. Ширак, во интервју за телевизијата Ен Би Си, им се заблагодари на американците за помошта во Втората Светска Војна, а во врска со несогласувањата околу Ирак, изјави дека се нормални различни мислења, но оти единството меѓу двете земји никогаш не било доведено во прашање.
XS
SM
MD
LG