Достапни линкови

Нафтата сеуште поефтин извор од обновливите видови енергија


Во Бон вчера започна четиридневна меѓународна конференција со цел претставување на можностите од употребата на таканаречните обновливи извори на енергија во светот. Станува збор за замена на нафтата и на другите традиционални енергии со онаа добиена од сонцето, ветрот и од биолошки извори.

„Тука во Бон поентата не е во донесувањето декларации, туку во спроведувањето акција.“

Изјави на отворањето на конференцијата во Бон, нејзиниот домаќин, германскиот министер за екологија Јирген Тритин, поздравувајќи ги учесниците кои дојдоа од сто и осмунаесет земји во светот. Интересот за алтернативните извори на енергија, како Сонцето и Ветрот, е во постојан пораст. Зошто?, најдобро може да се одговори со алрамантните проценки на експертите: Резервите на нафта во светот се доволни за уште пеесет до шеесет години. Затоа, според нив, со поинтезивно користење на обновливи извори на енергија, не само што ќе се намали зависноста од нафтата, чија цена во изминативе неколку недели драстично порасна на светскиот пазар, туку истовремено ќе се даде значитилен придонес во заштитата на човековата околина. Засега, учеството на вакви енергенси во годишната потрошувачка во светот изнесува четиринаесет насто, што е далеку под можностите што тие ги нудат. Интересен е и податокот дека околу две милијарди луѓе, или третина од светската популација, немаат пристап кон модерните начини на снабдување со енергија. Таков е примерот со искористувањето на сончевата енергија. Парадоксално, но вистиното: студените земји од северната Хемисфера ја користат повеќе од оние каде што Сонцето заслепувачки свети. Со долги и топли лета и куси зими, јужните земји, би рекле, се идеални за овој незагадувачки и обновлив енергетски извор. Но иако, во комерцијална форма, сончевата енергија е позната неколку децении, се уште опремата за нејзино акумулирање е прескапа за сирмашниот југ, особено во земјите на Блискиот Исток каде што нафтата и природниот гас ги има во изобилство, а со тоа се и поевтини.

„Ако сакате да обезбедите еден мегават струја од сонцето, тоа ќе ве чини многу повеќе. Во наши услови сончевата енергија не е соодветно решение.“

Вели Абдул Мохсин генерален менаџер на Бритиш петролеум, гигантска корпорација која во Саудиска Арабија произведува опрема за акумулирање на соларната енергија. Со него се согласува Жан ван дер Путе, експерт во меѓународната еколошка организација Гринпис:

„Сончевата енергија не е конкуретна. Таа е еден од обновливите извори, но, според проектите, би станала конкуретна за десет или петнаесет години. Постојат некои нови технологии за нејзино акумулирање, но тие сега не се исплатливи.“

Затоа, според ван дер Путе, најдобро решение светот да се отргне од зависноста од фосилните горива, како нафатата и природниот гас, е да го забрза развојот на она што се нарекува ,,интелигентна мешавина,, на алтренативните извори: сонцето, ветрот, органскиот отпад и плимата и осеката.
XS
SM
MD
LG