Достапни линкови

Рационализацијата не смее да се спроведе како што е замислена


Не смееме да дозволиме министерството за образование да ја спроведе рацинализацијата во овој сектор онака како што во моментов е замислена, без никакви критериуми и подготвен социјален план што со оние вработени кои ќе останат без работа, вели Дојчин Цветановски претседател на синдикатот за образование. Според првите пресметки од платниот список на министерството ќе бидат избришани околу 400 вработени, односно сметководителите и лицата ангажирани во училишните кујни.

„СОНК се согласува со ставот на Министерството дека има потреба од рацинализација, меѓутоа не се согласува со ваков начин на рационализација којашто практично е бркање на вработените од работните места и оставање на улица.“

По спроведената рационализација сметководителите ќе бидат ангажирани од приватини фирми повторно за потребите на образованието, а доколку родителите инсистираат во училиштето да работи училишна кујна нека платат и овие вработени повторно ќе продолжат со нормално извршување на своите работни обврски, вели Тале Герамичиоски, заменик министер за образование.

„Кујните ќе си постојат, меѓутоа тие нема да бидат платен список. Ако родителите постигнат договор дека таква услуга на нивните деца им е потребна, тогаш може преку други форми, ние ќе го дозволиме тоа, персоналот со истата опрема да ја врши таа дејност.“

Денешниот протест на синдикатот за образование пред ресорното министерство, Герамитчиоски го коментира како неоснован, зашто за сите до сега отворени прашања е побарано и мислење од синдикатот. Тврдењата дека за планираната рационализација синдикатот не е консултиран се неосновани:

„Нема некоја претстава дека треба да седнат на преговарачка маса како во случај на штрајк и да се постигне некаков договор. Тие си имаат формирано друга слика. Ние не разбираме што сакаат, бидејќи ние одиме по законот.“

вели герамитчиоски. Ние ќе протестираме се додека не седнеме и со луѓето од министесрство на лист хартија не дадеме одговор на клучните прашања е ставот на Цветановски:

„Кој ќе бидат критериумите со кои ќе утврдиме кои се несуштински работни места. Па, потоа што треба да се понуди на тие работници, како да се обезбеди нивната социјална сигурност.“

Доколку денеска синдикалците не бидат сериозно сфатени од одоговрните во министерството за образование тие потсетуваат на арсеналот на алатки што можат да ги употребат со цел зголемување на притисокот

„Можеме повторно да го ставиме во функција генералниот штрајк. Може да организираме нови протести итн.“

Она што засега е сигурно е дека од платниот список на министерството за образование нема да биде избран ниту еден вработен учител, наставник, професор.
XS
SM
MD
LG