Достапни линкови

Клевета или обвинување со докази


Дали вербалните пресметки за криминал ќе резултираат со покренување истражна постапка. Во собраниската дебата за избор на новата влада од говорницата беа изнесени сериозни обвинувања меѓу поранешниот и новиот премиер Љуб;о Георгиевски и Хари костов за криминал и корупција односно за нерасчистентни сметки во Комерцијална банка и потроШена сума од 3 милиони евра за вилата на Водно. Правниците велат оти претпоставка на таквите изнесувања треба да претствуваат докази

„Вакви сериозни искажувања веројатно резултираат со некои документи, меѓутоа тој треба да се види во иднина.“

„Сметам дека доколку имаше докази, до сега и полицијата и јавното обвинителство ќе реагираше, меѓутоа очигледно докази во таа смисла нема, а евентуално може да стане збор за кривично дело клевета, во таа полемика меѓу двете лица, а за ова кривично дело не се гони по службена должност, туку исклучиво по приватна тужба.“


изјавија претседателот на Комисијата за борба пртив Корупција Јован Трпеновски и скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков

На третиот ден од расправата во парламентот Љубчо Георгиевски во едночасовното обраќање од говорницата меѓу другото го обвини Костов за нерезидентни сметки во Комерцијална Банка за чување на парите на Слободан Милошевиќ како и за поврзаноста на новиот министер за внатрешни работи Силјан Аврамовски со ЦИА:

„Се сеќавам на едно време кога одредени меѓународни оргнизации беа заинтересирани за парите на Милошевиќ. Има многу сведоци дека тие меѓународни организации најмногу се интересираа за нерезидентните сметки во Комерцијална банка.“

Костов му одговори на Георгиевски дека криминалот и корупцијата ги промовирал Гергиевски и неговите функционери.

„Околу фалсификувањето на документите за плацот на Водно. Повторно би го покренал прашањето дали е точно дека и таа локација понатаму беше продадена на М.М., физички лица, за три милиони евра, изброени и во куфер однесени во просторијата на владата. И господинот Љубчо Георгиевски знае дека е тоа точно и јас знам дека е тоа точно, меѓутоа за жал, немам докази.“
XS
SM
MD
LG