Достапни линкови

Поделбата на имотот на поранешна СФРЈ треба да оди полесно


Од утре стапува на сила спогодбата за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ. Имено, на трети јуни истекува еден месец одкако и Република Хрватска како последна од петте земја учеснички во овој процес го депонираше својот потпис на спогодбата во Обединентите Нации. Или тоа би значело дека отсега, па натаму сите отворени прашања околу поделбата на имотот ќе се решаваат многу побрзо, вели Душанка Христова, македонски претставник во тимот за сукцесија. Посебно ќе се забрза процесот на поделба на недвижниот имот. Комплетното ратификување на спогодбата од сите ќе значи и отворање на прашањето за враќање на имотот за кој досега неможеше да се разговара:

„Треба да се отпочнат, работите и дискусиите околу утврдувањето на состојбите и пристапот, начинот, стратегијата за поделба и на воениот имот на некогашната СФРЈ.“

На вчера одржаниот состанок во Загреб на земјите учеснички во процесот за сукцесија е договорено и комплетна поделба на остатокот на монеарното злато.

„Осум и пол тони монетарно злато, што беше депонирано во две банки во светот. И вчера дефинитивно го направивме документот кој значи поделба на златото по процентите коишто се во спогодбата, а тоа за Македонија е 7,5 насто.“

На вчерашниот состанок во Загреб и покрај најавите не е даден одговор на прашањето, каде се изчезнати 580 од 640 милиони американски долари депонирани на сметките на Народната банка на поранешна СФРЈ.

Од досегашната поделба на финансискиот колач Македонија има добиено 24 милиони американски долари на име злато, акции и депозити од банката во Базел, 5.5 милиони долари монетарно злато и во мај 2003 пристигнатите средства од депозитите на Народната банка на поранешна СФРЈ лоцирани во комерцијалните банки во Соединетите Американски Држави. Тоа што останува како нераспределен имот во најголем дел ќе се наплати до крајот на годинава тврди Христова.
XS
SM
MD
LG