Достапни линкови

Њујорк: САД и Британија поднесоа нова нацрт резолуција за Ирак


Соединетите Држави и Велика Британија денеска до Советот за безбедност на Обединетите Нации поднесоа нова верзија на нацрт резолуцијата за Ирак. Во неа се предвидува: контролата врз војската и полицијата да и биде предадена на преодната ирачка влада. Исто така е поставен и рок за завршувањето на манадатот на мултинационалните сили во таа земја, односно до јануари две илјади и шеста година. И покрај изменетата резолуција, дипломати во Светската организација сметаат дека во неа се уште не е предвидено на каков начин на Ирак ќе му биде вратен целосниот интегритет.
XS
SM
MD
LG