Достапни линкови

Чудни приказни од Македонија


Чудни приказни од Македонија. Под овој наслов Џејнс Форин Рипорт денеска објавува анализа за случајот Раштански лозја кога во близина на Скопје беа убиени шестмина пакистанци и еден индиец.

Македонија е мала земја поради што многу луѓе надвор од регионот се трудат да ја најдат на картите. Ваквото непознавање предизвикува извесна збунетост меѓу посматрачите, пишува Џејнс Форин Рипорт, поткрепувајќи го тоа со следнииов навод. Неодамна интернет страница од Гана цитираше индиски режисер кој бара луѓе да играат како хобити во еден австралиски филм. Колку за појаснување /хобитите ги има во филмот Господар на прстените/. Тој вели: Има цело село во Македонија каде што никој не е повисок да сто и дваесет сантиметри. Форин Рипорт побарал потврда на ваквата неверојатна изјава но, како што наведува, не можел во Македонија да најде барем еден што слушнал за такво село. И покрај ваквиот низок профил во странство, македонците, се вели во анализата, сакаат да мислат дека нивната земја е центар на светот. Кон ваквите претерани мислења, помогнаа и неодамнешните настани: војната на нејзините граници, односно на Косово, последователниот бунт на своја територија во две илјади и првата година и прераната смрт на претседателот Борис Трајковски во авионска несреќа во Босна, наведува Џејнс Форин Рипорт, додавајќи дека некои од овие настани доведоа до производство на друга неверојатна приказна, но која, за разлика од првата, се чини дека е вистинска. Станува збор за убиството на странски државјани кај Раштански лозја во близина на Скопје. Македонската полиција тврдеше дека елиминирала терористичка група која имала намера да нападне странски цели во Македонија. Во тоа време овој случај предизвика извесна конфузија. Форин Рипорт разговараше со западни дипломати кои беа поканети да ги видат телата, но малку светлина беше фрлена на настанот што сега повторно е актуелен откако е покрената потерница по тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски под сомневање дека бил замешан во инцидентот. На четврти мај, како што наведува Џејнс Форин Рипорт тим специјалци ја опколиле куќата на Бошковски во реонот на Водно, но открила дека птицата летнала. Бошковски тврди дека е нивин и се наоѓа во Хрватска од каде што, бидејќи има хрватско државјанство, не може да биде екстрадиран, доколку хрватските власти не покренат сопствена истрага. Македонските теоретичари на консприцаијата во ова гладаат како на зделка со која на Бошковски му било дозволено да се замине, а за возврат тој во иднина да сведочи против поголема риба, пишува во денешната анализа Џејнс Форин Рипот под наслов Чудни приказни од Македонија.
XS
SM
MD
LG