Достапни линкови

Шеик Гази ал Џауер шеф на новата привремена администрација


Пратеникот на Обединетите Нации за Ирак Лакдар Брахими потврди дека Шеик Гази ал Џауер ќе биде назначен за претседател на Ирак во новата привремена администрација. Тој е 40 годишен сунитски лидер кој го напушти Ирак во 90 тите години на минатиот век, Негови заменици ќе бидат Ибрахим Џафари од Шиитската Дава Партија и Роишч Шауаз од Курдистанската демократска партија. Брахими ова го објави стоејки покрај Ал Џауер и новиот премиер Лиад Алауи.

„Дозволете ми најпрвин да им изразам на двајцата, а преку нив и на нивните колеги во владата честитики и желби за успех на нивната мисија. Мислам дека луѓето во Ирак ќе се молат за успех во обновата на нов Ирак.“

Инаку, се очекуваше за претседател да биде избран Аднан Пашачи поранешен министер за надворешни работи. Тој се откажа поради лични причини. Агенциите јавуваа дека Пашачи бил подржуван од Обединетите Нации и Вашингтон, меѓутоа мнозинството на Советот бил за Ал Џауер. Ројтерс во Багдад сними изјави од дваца ирачани со спротивсатвени мислења за двајцата кандидати.

„Јас сум за Ал Џауер, бидејки тој е племенски водач со оригинални арапски одбележја.“

„Пашачи има искуство. Тој е политичар. Тој е човек што го познава светот и знае што им треба на ирачаните и на Ирак.“


Соединетите Држави се предложија нова резолуција во Советот за безбедност на Обединетите Нации за одобрување на новата ирачка влада. Неколку земји, меѓу кои Франција и Русија, рекоа дека ке гласаат само доколку таа има вистинска сувереност и ја преставува целата ирачка популација. Засега со поставувањето на двајцата потпретседатели од различни етникуми од претседателот изгледа дека е постигнат баланс.
XS
SM
MD
LG