Достапни линкови

Багдад: Шеик Гази Ал Џауер ќе биде назначен за претседател на Ирак


Пратеникот на Обединетите Нации за Ирак Лакдар Брахими потврди дека Шеик Гази ал Џауер ке биде назначен за претседател на Ирак во новата привремена администрација. Тој е сунитски лидер, а негови заменици ќе бидат Ибрахим Џафари од Шиитската Дава Партија и Роишч Шауаз од Курдистанската демократска партија. Инаку, се очекуваше за претседател да биде избран Аднан Пашачи поранешен министер за надворешни работи. Според новинските агенции него го преферирале Обединетите Нации и Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG