Достапни линкови

Бројката неписмени загрижувачка


Во Македонија повеке од 63 илјади лица или 3, 62% се неписмени, ова го покажуваат статистичките податоци од Пописот спроведен во 2002 година. Споредено со пописните резултати од 94 тата, кога бројот на аналфабети во земјава се приближува дури до 100 илјади, се забележува тенденција на намалување. Но, велат во Заводот за статистика секој податок според кој над 1000 лица се неписмени, е алармантен и загрижувачки и надлежното Министерство во ваква ситуација мора соодветно да реагира.

„Наше е да дадеме што поголема достапност на податоците, да може точно да се користи во јавноста. Ова е индикатор, за којшто министерството образование треба да створи тим и да го земе предвид,“

објаснува Директорот на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски.

Поголем број од неписмените лица односно повеке од 48 илјади се жени, а околу 15 илјади мажи кој претежно живеат во руралните средини.

Со оглед на алармантноста на овој проблем, под покровителство на УНИЦЕФ, и со вклучување на невладиниот сектор во земјава, е започнат проектот ,,Описменување,, кој овозможува едуцирање на овие лица на теренот низ целата држава.

„Во проектот сме вклучни од 2000 година, тој се однесува на жени коишто се во рурални албански етнички средини, коишто поради патријархални причини немале можност да продолжат со едукација.“

Изјавува Џане Крешова Претседател на Форумот на албанската жена, невладина организација која делува во тетовскиот и кумановско липковскиот регион.

На описменувањето на лицата, во останатиот дел од државава, се вклучени и едукаторите на Невладината органзиација Лаф Стар од Битола.

„Вклучени се 176 ромски млади девојки. Да се добие функционална писменост кај мајката,“

вели Елизабета Јанакиевска од Лајф Стар.
XS
SM
MD
LG