Достапни линкови

logo-print

Конкуренција во секторот на кабелските ТВ оператори


Последните законски измени предвидуваат постоење на повеќе кабелски оператори на едно подрачје, а не како досега само еден. Директорот на Управата за телекомуникации Коста Трпковски смета дека ова е добро решение, бидејќи како што вели се отвора можност за конкуренција и поголема понуда за граѓаните:

„Во сегашниве услови кога на одредено подрачје постои само еден концесионер, граќанинот е обврзан да ги користи услугите на тој концесионер, значи не може да го одбере концесионерот по видот и квалитетот на услугата. Затоа сметаме дека ова е решение коешто веќе постои и егзистира во другите земји и е надминување на монополскиот статус на кабелскиет оператори на едно подрачје.“

Дарко Мајсторовски од Советот за радиодифузија, пак вели дека добро е да постои конкуренција, но оти ќе биде неопходно да се почитува правната регулатива

„Наше стравување е дека може да има проблеми ако не се почитува законската регулатива до крај. Значи, и новите кабелски оператори што ќе бидат одбрани, повеќе таа процедура нема да оди преку Советот за радио дифузија, туку Советот ќе биде надлежен само за програмските содржини, таа процедура ќе мора да се тера строго според законските рамки.“

Од веќе постоечките кабелски оператори сметаат дека постоењето на конуренција само ќе придонесе за понуда на поголем квалитет:

„Генерално немам проблем околу таа работа, самиот народ треба да одлучи, кој е подобар, тој ќе победи.“
„Конкуренцијата е многу здрава работа и ние не бегаме од тоа, напротив сакаме да работиме во услови на пазарна конкуренција, каде што ќе се увиди разликите во квалитетот.“


изјавија Петар Јанушевски од „Кабел Сат“ и Стево Момировски од „Телекабел“. Но, од Управата за телекомункикации посочуваат дека кабелските оператори сеуште немаат дозволи за изградените мрежи:

„Што се однесува до сегашните концесионери, тие дел од обврските сеуште немаат исполнето. Се однесува на обврските во однос на изградба на инвестиционен објект од јавен интерес, значи ниту еден од нив нема добиено употребна дозвола за изградената мрежа.“

вели директорот Трпковски.
XS
SM
MD
LG