Достапни линкови

logo-print

Интензивирани контакти


Загреб и Белград ги интензивираа контактите посебно во изминативе неколку недели. Аналитичарите во Хртавска и Србија за Радио Слободна Европа ги коментираат тезите подбуцнати и од некои политичари за можна оска Загреб – Белград.

Се почестите средби и меѓудржавни посети на релација Белград и Загреб ја изродија тезата дека односите меѓу Србија и Хрватска се клучни за стабилност на регионот. Политикологот од Загреб Давор Џенеро не е изненаден со најновиот развој на настаните.

„За некој кој сериозно го набљудува развојот на настаните меѓу Хрватска и Србија, не би требало да го изненади фактот дека политичарите на ХДЗ се почесто зборуваат исто како и српските националисти за некаква оска меѓу Загреб и Белград. Факт е дека за време на владеењето на Туѓман, а и претходно кога национализмот имаше поголемо влијание врз формирањето на хрватската политика во односите кон Белград доминираше идејата за осовина и доминација на двете држави во однос на другите земји во регионот.“

Загребскиот политиколог инаку смета дека позицијата на хрватскиот претседател Стипе Месиќ не е идентична со позицијата на владата на ХДЗ за ова прашање. Од друга страна историчарот од институтот за современа историја во Белград Предраг Марковиќ вели дека моќта на Белград и Загреб не е таква за да решаваат нешто за некого.

„Значи Белград едноставно, а веројатно и Загреб не се места каде што се решава. Загреб и Белград не можат да го решат прашањето на Босна како што тоа го замислија Туѓман и Милошевиќ.“

Таа политика претпе пораз, изјави за Радио Слободна Европа и социологот од Сплит Срџан Врцан.

„Јас сум многу скептичен на изјавите кои би можеле да сугерираат дека ке се создава некоја нова хрватско српска осовина и дека Хрватска и Србија имаат некаква посебна мисија на просторот на Балканот. Таа идеја е целосно погрешна. Таа политика претрпе пораз.“

Хрватскиот аналитичар Анџелко Милардовиќ вели дека всушност посетите, контактите се во функција на тоа што Загреб посакува стабилност потребна за натамошното напредување кон Европската Унија, а Белград со приближувањето до Загреб како да сака да порача дека дека Хрватсак подоцна би можела да одигра пресудна улога во приближувањето на Србија кон Унијата.
XS
SM
MD
LG