Достапни линкови

Седница за избор на владата на мандатарот Хари Костов


Целосното и доследно спроведување на уставните измени и законските прописи кои произлегуваат од охридскиот доовор , подобрувањето на економската состојба и интегрирањето на Македонија во евро атлантските структури се главните приортетите на новиот состав на македонската влада на чело со Хари Костов.

„Само јакнењето и унапредувањето на меѓуетничките односи, на меѓуетничката доверба и вистинскиот и траен соживот, се вистинскиот пат кон траен мир и меѓуетничка стабилност. Сеуште присутните идеи кај некои промотори за поделба на Репулбика Македонија, за градење на ѕидови, за размена на територии и население не само што нема да не водат на патот кон Европа, туку ќе не остави како последно гето на Балканот, коешто никој нема да го сака во свое друштво,

изјави пред пратениците Хари Костов барајќи ја нивната поддршка да застане на чело на новата македонска влада. Тој истакна дека ниту оваа влада како и претходната нема да врши партиски реваншизам и докрај ќе се бори против корупцијатан и организираниот криминал:

„Доколку навистина се работеше за селективност и наводен партиски реваншизам, а не за покренати обвиненија со валидни докази и аргументи, тогаш како наеднаш ни се случува во судските постапки, некои од носителите на значајни јавни функции сега да се бранат единствено со молчење, а не со контра аргументи и докази. Зошто ни се случуваат храбри пребегнувања од Република Македонија или зошто пак определени лица кои во време на своето министерување одлично разбираа и се служеа со македонскиот јазик, сега едноставно целосно го заборавија и ништо не разбираат.“

Членството на Македонија во ЕУ и НАТО останува стратешка цел и на оваа влада рече Костов:

„Тоа треба да се одработи. Пред нас е долг и напорен пат, на кој најголем дел од активностите се всушност, домашна задача на Владата на Република Македонија, но и на стопанските субјекти и на секој граѓанин на државата, на медиумите, за создавање на нова европска свест која ќе ги разбере сите предности од членството во унијата и зошто е важно да се биде дел од европското семејство.

Распределбата на ресорите и досегашните министри остануваат исти, промена има само во министерството за внатрешни работи. За прв човек во овој ресор е предложен досегашниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, Силјан Аврамовски.

За опозицијата се работи за старо нова влада од која не се очекува ништо посебно:

„Сметам дека треба малку повеќе да работат за луѓето повеќе да веруваат во оваа влада дека нешто може да направи. Мислам да се доведе еден народ во една апатична состојба, сепак мислам дека секоја влада на било која земја треба да се загрижи“

изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Коце Трајановски.
XS
SM
MD
LG