Достапни линкови

Скопје: Средба на началниците на генерал штабовите на Македонија и Хрватска


Досегашната соработка на армите на Македонија и на Хрватска е на задоволително ниво, а заедничка цел е полноправно членство во НАТО, изјавија на денешната средба во Скопје началниците на генерал-штабовите на двете земји Ѓорѓи Бојаџиев и Јосип Луциќ. Според Луциќ, Македонија и Хрватска од престојниот самит на НАТО во Истанбул очекуваат да добијат охрабрување за побрзи реформи во одбраната, иако се свесни дека треба да помине извесно време до следното проширување на Алијансата.
XS
SM
MD
LG