Достапни линкови

Ерусалим: Шарон се закани дека ќе ги разреши министрите кои се против неговиот план


Израелскиот премиер Ариел Шарон се закани дека ќе ги разреши министрте во владата кои се против неговиот план за повлекување од Газа. Планот на Шарон, кој предвидува повлекување на израелските војници и доселеници од целиот Појас Газа, не доби мнозинство на вчерашната 7 часовна седница на владата. Палестинскиот лидер Јасер Арафат, во интервју за израелската телевизија изјави дека го подржува планот на Шарон и изрази готовност за мировни преговори со израелскиот премиер.
XS
SM
MD
LG