Достапни линкови

Муса Џафери, потпретседател на владата на Република Македонија. Најдоцна до почетокот на јули ќе бидат донесени законите на децентрализација


Се најавува формирање владин сектор за имплементација на рамковниот договор, на чие чело треба да застанете вие г.Џафери. на кој начин овој сектор ќе придонесе за забрзување на имплементацијата на Рамковниот Договор?

Владиниот сектор за имплемтација на охридскиот договор веќе е основан и формалниот акт веќе постои, направена е и систематизацијата во генералниот секретариат на владата, усвоена е и програмската рамка на овој Сектор. Во мометов се се наоѓаме во фаза на кадровско комплетирање на овој владин сектор. Идејата е тој да биде поделен во неколку единици, поточно се работи за пет. Едната ќе се занимава со правичната и соодветна застапеност, како и со планирањето на проектите кои се потребни за целосна имплементација на Охридскиот договор. Потоа доаѓа единицата која ќе се занимава со процесот на децентрлизацијата на власта. Предвидуваме една единица која ќе се занимава со финансиските и човечките ресурси кои се потребни за имплементација на Охридскиот договор, и на крај ќе има еден оддел што ќе се занимава со информирање, односно со комуникацијата со јавноста. Намерата е преку овој механизам преку овој сектор во владата да дадеме дополнителен импулс и сила на спроведувањето на обврските што произлегуваат од охридскиот договор. Воедно ова владино тело е и инстанцата која ќе врши надгледување и контрола на имплементацијата на охридскиот договор во секоја област на која тој се однесува, така што се надеваме дека ќе имаме поголема контрола околу овој процес, но воедно се надеваме на и поголема транспарентност за граѓаните.

Една од обврските на овој сектор како што рековте е и соодветната и правична застапеност на албанците во држаните инситуции. До кај е овој процес?

Имаме напредок. Последнава година постигнавме подобрување, односно зголемување за два проценти. Предност за Албанците и забрзана динамика на вработување имаше во МВР и Одбрана, значи во тие сектори кои се почувствителни. Причините за ова се добро познати стабилноста и подобрување на безбедносната ситуација, затоа беше потребна интервенцијата токму во тие два сектора. Вработувања на Албанци исто така се вршеа и во јавната и државната администрација.

Значи ли тоа дека ќе се држите до овој процент од два насто за зголемување на застапеноста на Албанците во државните институции и за нараднава година или тој процент може да биде поголем?

Ова прашање во себе имплицира неколку работи, како што е децентрализацијата на власта, реформите во јавната администрација, односно нејзината рационализацијата. Намалувањето на јавната администрација е воедно и услов поставен од меѓународните институции, ММФ, Светската Банка и ЕУ. Свесни сме дека тоа истовремено ќе предизвика и финансиски импликации што ние ќе се обидеме да ги решиме со заштедување кое ќе се прави во однос на платите во рамките на буџетот, како и со нивна декомпресија. Наша цел е во однос на правичната застапеност да изградиме еден стратегиски документ кој ќе се однесува најмалку на три години. Со тој документ ќе се обидеме да обезбедиме простор за спроведување на соодведната застапеност така што нема да ни се појавуваат внатрешни проблеми во наоѓањето на финансиската рамка за новите вработувања.

Македонските политички партии, како и македонската јавност реагира на начинот како се прави тоа. Се смета дека на сметка на албанците од работа се бркаат Македонци?

Без разлика што ова е уставна обврска овој процес не може да ја избегне политизацијата независно дали тоа се прави од опозициските или од партите на власт. Сепак ние сме свесни дека се работи за уставна обврска која бара нашата државна и владина администрација да ја изразува националната структура. Сегашниот состав тоа не го прави. При тоа треба да се има на ум дека ние треба да го исполниме овој услов затоа што тој е во функција на стабилноста и лојалноста на граѓаните кон сопствената државата. Проблемот е во рационализацијата на администрацијата која всушност и не е директно поврзана со правичната и соодветна застапеност. Кастрењето на админситрацијата или нејзината рационализација произлегуваат од економската состојба, а таа не ги погаѓа само Македонците.Јавните, но и не само тие и економските претпријатија и многу други институции, сакале или не треба да се ослободат од вишокот вработени поради кои работата ја вршат со големи загуби .

Престои и донесувањето на пакето закони за децентрализација. Дали ги усогласивте ставовите со коалиционите парнрери во владата во однос на овие закони, и кога тие би можеле да бидат донесени?

Ако не на првата седница на новиот владин состав која треба да се одржи набргу, тогаш секако на втората седница која би требало да се одржи за две недели овие закони треба да се најдат пред нас и да ги поминеме и да ги предложиме до собранието. Потоа се зависи од дебатата во парламентот. Машите проценки се дека ако не го направиме тоа во месец јуни тогаш секако во првите недели од јули овие закони би требало да бидат усвоени. Ние меѓу себе се договоривме и разговаравме за политичките критериуми кои се однесуваат на овие закони. Останува во Предлог законот за градот Скопје да бидат направени адекватни дополнувања при тоа да кажам дека тие не се однесуваат на главните начела и не се во спротивност на принципиелниот договор меѓу коалициските партнери што го постигнавме за пакетот на децентрализацијата. Со други зборови иако очекувам некои дополнувања на Предлог законот за град Скопје нема да има некои големи промени што би ја измениле целата рамка на законите за децентрализација.

Како го оценувате патот на евро атлантските интеграција на Македонија?

Имајки во предвид дека сигналите се многу оптимистички и дека веќе се поставени некои рокови за до 2007 година НАТО алијансата да се прошири со три нови членки Хрватска, Албанија и Македонија мислам дека овие три земји, односно Македонија е на добар пат да стане членка на Алијансата. Тоа е една цел која можеме да ја реализираме за пократок временски период. Но, паралелно со ова се поврзуваат и европските интеграции. Имајќи ја предвид нашата апликација и нејзиното влегување во процедура во Европската Комисија, ние за една или максимум две година ја очекуваме оценката од ЕК за тоа дали ќе добиеме виза да станеме земја кандидат за членство во ЕУ. Ова според мене е вистинскиот пат кој и дава шанса на македонија, а заедно со неа и на земјите од регионов, да станат дел од ЕУ.

Деновиве се појави една информација која пристигна од Њујорк дека набргу во Македонија ќе се одржи сеалбански конгрес. Дали сте информирани за тоа и кога би се одржал?

Јас оваа вест ја слушнав од медиумите и немам некоја информација повеќе. Во пренесената вест дури и не е многу јасно за што се работи зошто би се одржал таков собир и како. Значи немам никакви информации освен она што го слушнав и прочитав во медиумите.
XS
SM
MD
LG