Достапни линкови

Македонските експерти поделени околу сложеноста на процесот


По влегувањето во процедура на апликацијата за членство во Европската Унија, Европската комисија подготвува прашалник кој наесен ке се достави до Македонија. Тоа значи дека нашите институции ке треба да одговорат на низа прашања како кој е процентот на жалби во однос на донесени одлуки во казнена и граганска област, колку во просек трае постапката за да се донесе одлука, кои мерки се преземаат за поддршка на руралниот развој и слично. За Зоран Јачев директор на невладината организација „Транспарентност“ прашалникот ќе биде одговорен на како што вели пристоен начин, бидејќи тоа не е е тешка операција, туку повеќе техничка. Според него, клучно прашање е што потоа, колку Македонија ќе може да ги исполни задачите што се поставени. Во оваа насока тој предлага вклучување на експертите:

„Не велам дека Република Македонија нема квалитетни кадри. Не велам дека во Република Македонија нема зрели експерти коишто може да го направат тоа. Централното прашање е дали ќе се најде начин и основа, по којашто ќе се соберат сите тие што знаат нешто и што може да направат нешто, на едно место. За тоа да се случи, ќе мора да се надмине неубавата пракса од минатото, според којашто политичките елементи, вклучувајчќи ги партиите и владата итн, има еден „суетен“ однос, спрема се што не е политичко. Мислам, и тврдам дека надвор од државните институции има голем број на експерти коишто знаат што треба да се направи. Мојот предлог до владата и до политиката во Република Македонија е да се ангажира целокупниот капацитет, вклучувајќи ги и луѓето надвор од политиката, и тоа да се направи на еден брз и ефикасен начин. Без таа помош, можеби ќе се направи тоа, меѓутоа нема да биде ниту доволно брзо, ниту доволно квалитетно.“

вели Јачев. За разлика од него професор Добринка Тасковска од Правниот факултет смета дека подготвувањето на одговорите е сложена операција, но оти тоа Македонија мора да го направи:

„Во случајов, капацитетот на македонските институции и да не постои, мора со огромни сили да биде подобрен за да се одговори на тие барања. Ако ги поглендете другите земји, на пример, Хрватска кога го правеше тоа беше слична на нас. Кога можат тие, можеме и ние, затоа што ние едноставно ние за неколку месеци мора да одговориме на тој прашалник и паралелно да ги правиме реформите што по други основи се бараат и самите реформи на институциите за да одговорат на процесот на евро интеграција. Тоа се три нивоа коишто се тешки и за држава со многу поголем капацитет. Но, ние мора тоа да си го поставиме како цел за барем 20 насто од тоа да исполниме и на некој начин да дојдеме до некое профатливо ниво.“
XS
SM
MD
LG