Достапни линкови

Кобар: Петмина странци убиени во напад


Петмина странци биле убиени во денешниот напад што го извршиле непознати лица во градот Кобар во Саудиска Арабија, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на извори во полицијата во Ријад. Националноста на убиените странци се уште не е соопштена. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Деновиве Ал Каида соопшти дека ќе ја дестабилизира Саудиска Арабија, бидејќи била американски сојузник.
Пакистан денеска успешно тестирал ракета со среден дострел која може да носи нуклерно оружје. Тестирањето, како што е соопштено во Исламабад, било извршено на тајна локација и за него биле информирани соседните земји.
XS
SM
MD
LG