Достапни линкови

Децата од домот за деца без родители влегуваат во светот на возрасните


Во месец на матурската треска, 18 годишните матуранти од Домот за деца без родители 11 Октомври, за разлика од нивните врсници се соочени пред многу поинакви предизвици, несигурност, страв, сосема нова адаптација во општествената средина. Додека за нивните врсници прославувањето на матурата е радосен чин по што безгрижните школски денови ги продолжуваат со студирањето, матурантите домци директно влегуваат во светот на возрасните, во суровата борба за егзистенција, сами без родителска помош и подршка. На тој пат веке чекори Наска Миртовска, која по прославата на матурската вечер, веке е во потрага по вработување:

„По струка завршив пекар, планирам да се вработам. Каква можност ќе се отвори, таква.“

Несигурно, срамежливо И речиси низ солзи, раскажува Наска дека неизвесноста која ги очекува со нејзината сестра, со која заедно по 13 години го напуштаат Домот, ја плаши.

„Ќе бидеме под кирија, имам страв.“

Многу посигурно говори, нејзиниот другар Ибиш Цафери, минатата недела ја прославил својата матура, но тој останува во Домот уште една година, бидејки како солиден ученик, вонредно продолжува со дополагање на четвртиот степен од образованието:

„Навикнат сум, брзо се вклопувам. Моја е желбата, она што скромно ќе го работам, да има работа.“

„Врската со Домот не се раскинува со нивното заминување, комуникацијата ја продолжуваме и понатаму,“ вели директорката на Домот за деца без родители 11Октомври, Галаба Златевска Гаревска.

„Тие гледаат своите претходни другарки како се снаоѓаат, како живеат, како ги решаваат предизвиците, така што, тие се спремни тоа да го профатат.“

Вработените од Домот се грижат за околу 100 тина деца, а по оваа следува психолошката подготовка дека ја напуштаат установата, за следната генерација матуранти.
XS
SM
MD
LG