Достапни линкови

logo-print

Кабелските оператори и Интернет провајдерите тврдат дека работат законски


Ние не нудиме кабелски Интернет, тоа оди преку Интернет провајдерите кои ја користат нашата мрежа, велат од кабелскиот оператор „Телекабел“ во контекст на укажувањето на Управата за телекомуникации дека овие оператори немаат право да нудат интернет преку кабелските мрежи. Од Управата објаснуваат дека според законот за телекомунакции, кабелските оператори можат да дистрибуираат само радио и телевизиски програми. Оттаму пак, најавуваат дека против сите кабловски оператори кои на пазарот нудат кабелски интернет. Во Телекабел пак се категорични дека тие го почитуваат законот

„Во овој момент, ние како фирма воопшто не го кршиме законот, бидејќи ние не сме тие коишто го продаваат Интернетот. Во овој момент, всушност Интернет провајдерите он-нет и мол всушност го продаваат Интернетот, а нашата мрежа ја користат како медиум за да го дистрибуираат тоа до физичките и правните лица коишто сакаат да имаат кабелски приклучок за кабелски интернет во својот дом.“

изјави Стево Момировски од Телекабел.
Претставници од интернет провајдерот Маседониа он лине велат дека согласно законските одредби кои се однесуваат на нив тие имаат концесии за нудење интернет на своите корисници, но оти не постои одредба со која се ограничува начинот на кој се нуди интернет услугата

„Точно е дека кабелските оператори, според договорот, смеат да нудат радио и телевизиски програми, но никаде не е стои дека Интернет провајдерот, на своите корисници не може да им ја нуди услугата кабелски Интернет преку кабелските оператори. Значи, во моментов не го нуди кабелскиот оператор, туку Интернет провајдерот преку мрежата на кабелскиот оператор. Е сега, доколку било кој орган на владата се обиде да забрани нудење на Интернет преку кабел, тогаш владата и владините институции заземаат став во спротивност на законите и законските одредби, со цел да го заштитат Македонски телекомуникации.“

изјави Јован Филиповски од Маседониа он лине кој додава дека тие за во иднина планираат и проширување на овој вид на услуга која сега можат да ја користат само граганите во скопската населба Јане сандански

„Во преговори сме со останатите кабелски оператори. Мислам дека набрзо цело Скопје ќе се покрие со овој кабелски Интернет, се надеваме понатаму и цела Македонија.“
XS
SM
MD
LG