Достапни линкови

logo-print

Скопје: Посета на генералниот секретар на НАТО


Уверен сум дека на самитот на НАТО во Истанбул ќе биде упатен силен сигнал на охрабрување за земјите опфатени со Јадранската повелба во нивните легитимни аспирации за членство, изјави во Скопје генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Схефер. Тој оцени дека Македонија напртави силен и голем напредок во реформите на одбраната и додаде дека членството во НАТО се потпира И на вредности како што е борба против органзиираниот криминал, корупцијата, перењето пари за кои е убеден оти раководството на земјата е насочено кон нивно решавање. Реформите се, се разбира ,долготраен процес. Македонската влада може да очекува и да побара каква и да е помош во остварувањето на амбициите за полноправно членство во НАТО, изјави Схефер.
XS
SM
MD
LG