Достапни линкови

Лондон: Уапсен Абу Хамза


Британската полиција денеска го уапсила имамот Абу Хамза ал Масри откако Соединетите Држави побараа негово израчување. Претставник на полицијата соопти дека Абу Хамза е обвинет за давање поддршка во спроведувањето терористички напади во името на Џихад. Пред два месеца, за ваквата активност, нему му беше одземено британското државјанство, стекното по венчавката со една британка.
XS
SM
MD
LG