Достапни линкови

Вашингтон: САД се очекува да предупредат на можни нови терористички напади


Американските власти денеска се очекува да предупредат на нови можни нови терористички напади во Соединетите Држави. Имено, за денеска во Вашингтон е закажана прес конференција на која државниот обвинител Џон Ешкрофт и шефот на Еф Би Ај Роберт Милер, како што се најавува, треба да изнесат детали за новите терористички опасности. Американските новински агенции, повикувајќи се на разузнавачки извори, наведуваат дека припадниците на Ал Каида за ова лето планирале голем напад во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG