Достапни линкови

Вашингтон: САД и Британија со различни погледи за Ирак


Соединетите Држави и Британија имаат, како што јавуваат агенциите, различни погледи за тоа колку планираната привремена ирачка влада треба да има контрола врз сојузничките воени операции во таа земја. Британскиот премиер Тони Блер изјави дека по триесети јуни ирачката влада треба да ја има конечната политичка одлука за воените операции. По оваа изјава на Блер, американскиот државен секретар Колин Пауел рече дека американските сили ќе сторат се што е потребно за да се заштитат и доколку ирачките власти имаат забелешки во врска со тоа.
XS
SM
MD
LG