Достапни линкови

logo-print

Прага: Собир на експерти кои се занимаваат со дебелина


Стотици експерти кои се занимаваат со дебелината кај луѓето се собраа на четиридневен состанок во Прага за да разгледаат зошто европејците стануваат се подебели. До состанокот на лекарите и диетичарите доаѓа откако Светската здравствена организација ја усвои меѓународната програма за борба против оваа, како што се нарекува, епидемија со прекумерната тежина кај луѓето во светот. Во неа се предупредува дека кај дебелите луѓе се зголемува ризикот од срцеви заболувања, инфаркт, диабетис и депресија. Британија, Унгарија, Италија, Романија, Грција и Албанија се најпогодените земји во Европа со оваа појава.
XS
SM
MD
LG