Достапни линкови

logo-print

Сиромавиот два пати плаќа


Плаќањето на рати, односно живот на кредит е се чини за многу Македонци решение за одредено време. Каматните стапки во зависност од банката и од видот на земениот кредит, се со различна височина, но најчесто се движат од 5 до 19 проценти. Сума, која на крајот од отплатата на кредитот се покажува прилично висока, поради што, велат нашите соговорници се потврдува онаа народната - сиромавиот два пати плаќа, но во денешно време тоа е сепак единствениот избор:

„Мислам дека е добро да се даваат кредити за граѓаните, затоа што денеска не знам како луѓето ќе ги решат своите егзистенцијални проблеми. Често пати барам кредит, и ако не се кредитите не може поголем работа да се заврши.“
„Сметам дека се превисоки каматите, за 5-6 илјади евра, треба човек уште 2 илјади евра плус да даде.“
„Немаме доволно средства, и се задолжуваме.“


За заинтересираноста, односно за животот на македонските граѓани на кредит, говори податокот на „Тутунска Банка“, која се смета за една од најексплотираните во давањето вакви услуги, според која, дури 13,000 физички лица во моментов аплицираат за добивање на кредит:

„Имаме голем број кредити моментално, имаме многу стамбени и хипотекарни кредити дадено, а и потрошувачки коишто одат на плата,“

изјавува Тодор Томовски, раководител на службата за кредитирање на население.

Кредит за одмор, кредит за покривање на тековниот минус, но и кредит за купување автомобил, се потребите кои најчесто ги тераат македонските грагани за
користење на ваквите банкарски услуги. Но, ваквото решение иако некогаш навистина им е нужно, не им е достапно на сите грагани бидејки поголемиот дел од нив не ги исполнуваат потребните стандарди кои најчесто ги бараат банките, односно да се пријавени и висината на нивната платата да е над 10 илјади денари.

„Не мислам да земам кредит, зашто не можам да го платам кредитот, платата не ми е толкава за кредит.“
XS
SM
MD
LG