Достапни линкови

Владата и невладиниот сектор заедно против невработеноста


Програмата предвидува, невладиниот сектор да ја спроведува обуката на младите пред да се вработат, а по вработувањето дел од надоместокот да е на товар на државата. Оваа програма ја поддржува УСМ:

„Тоа е програма со којашто невработеноста треба да се намали и на секој млад човек ќе му биде обезбедена работа во фирма, на сметка на тоа што ќе обезбеди работа за млади луѓе, коишто претходно ќе поминат курс, а ќе има некои привилегии коишто ги обезбедува државата. Дел од платата, односно дел од надоместокот којшто го примаат младите луѓе, ќе го плаќа државата,“

изјави Славица Арсова, претседател на Унијата, која додава дека не е прецизирано кога ќе започне реализацијата на оваа програма, но оти очекува тоа да се случи што поскоро. Од невладиниот сектор посочуваат, дека нивниот придонес не може да биде голем, во намалувањето на невработеноста кај младите:

„Бидејќи, во однос на обуките, пред се, најважно е тие да бидат вршени од експерти од одредена област, а не од невладиниот сектор,“

изјави Владимит Божиновски, од Институтот за солидарност, демократија и цивилно општество.

Во владата, пак се подготвени да помогнат во реализацијата на оваа програма, и додаваат дека тоа може да има удел во решавањето на овој проблем:

„Владата е подготвена да профати секакви иницијативи, кои водат, ако не целосно решавање, барем намалување на невработеноста меѓу младите. Воедно тоа е еден од приоритетите со кои се соочува оваа влада, односно тоа е намалување на сиромаштијата, а во овие рамки и намалување на невработеноста меѓу младите,“

изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски.
XS
SM
MD
LG