Достапни линкови

Авторизација за мултинационални сили предводени од Американците


Соединетите Држави и Велика Британија на Советот за Безбедност му предложија нова резолуција ,според која, се одобрува примопредавањето на политичката власт во Ирак на Ирачаните на 1 јули и се авторизира улогата на мултинационалните сили предводени од американците за одржување на мирот во таа земја.

Преодната власт на коалицијата во Ирак ке престане да постои на 30 јуни и таа нема да биде заменета. Со тоа ќе заврши окупацијата и ирачаните ќе је преземат одговорноста, порача америкабнскиот претседател Џорџ Буш по повод новата резолуција за Ирак. Резолуцијата предложена синоќа во Советот пред новинарите во Њу Јорк ја образложи американскиот заменик амбасадор Џејмс Канингам.

„Таа ја одобрува формацијата на суверена ирачка влада по 30 јуни. Ирачаните ке бидат одговорни за нивната земја, за нивните извори, вклучително и нафтените извори. Со резолуцијата се обезбедува водечка улога во политичкиот процес на Обединетите Нации. Безбедноста ке биде обезбедена со партнерство меѓу привремената влада и коалиционите сили.“

Американскиот претседател Џорџ Буш во говорот во военото училиште во Карлајл изјави дека слободен Ирак ке им ја одземе можноста на терористите да имаат своја оперативна база.

„Терористите знаат дека Ирак е централен фронт во војната против теророт. Враќањето на тиранијата во Ирак би била победа на терористите без преседан и би предизвикала повторно задоволство за убијците.“

Буш најави дека специјалниот пратеник на Обединетите Нации Лакдар Брахими следната недела ке ја престави листата на кандидатите кои ќе влезат во новата ирачка влада која ќе има претседател, двајца пот претседатели и премиер.Тие ке ја водат земјата до општите избори кои би требало да бидат одржани на почетокот на идната година. Како симбол на новата фаза во историјата на Ирак, Буш најави уривање на злогласниот затвор Абу Граиб во близина на Багдад познат по скандалот со злоупотреби врз ирачките затвореници. Затворот ке биде урнат во договор со новата влада по 30 јуни.
XS
SM
MD
LG