Достапни линкови

Париз: Американско – британската резолуција за Ирак треба да биде подобрена


Шефот на француската дипломатија Мишел Барниер денеска изјави дека новата американско – британска нацрт резолуција за Ирак треба да биде подобрена. Според Барнеир, новата ирачка привремена влада мора да има вистинска моќ за да биде прифатена од народот. Франција заедно со Соединетите Држави, Русија, Британија и Кина имаат право на вето во Советот за безбедност како постојани членки. Кина соопшти дека внимателно ја проучува резолуцијата.
XS
SM
MD
LG