Достапни линкови

Идејата треба што поскоро да се реализира


Формирањето на индустриски синдикат е идеја која мора што поскоро да се реализира, бидејќи правата на работниците небиле никогаш повеќе загрозени . Вклу6увањето на синдикалното членстов од сите профили во еден синдикат ќе резултира со омасовување на членството во една организација и ќе ја натера владата повеќе да не респектира во преговорите вели Нада Таневска претседател на синдикатот на акционерското друштво ОХИС, од каде и потекна идејата за формирање на овој тип на синдикат.


„Ние се надеваме дека со еден јак синдикат работите ќе може да си дојдат на местото, да почнат да се решаваат, да се регулираат. Сега имаме една хаотична состојба.“

Индустрискиот синдикат ќе опфати најмалку 100 илјадно членство, кое без опструкции Ќе може да влезе во битка со владата за остварување на работничките права вели Пеце Ристевски претседател на синдикатот на индустријата енергетиката и металургијата, кој стои зад идејата за формирање на индустриски синдикат:

„Тогаш одлуките ќе се носат во ист орган, значи ќе има еден или два органи тој орган, а не како сега треба одлуките да се носат во девет или десет синдикати. А, за да бидеме силен и репрезентативен партнер на работодавачите и на власта, ние мораме да бидеме и добро организирани и да имаме масовност, затоа што само масовноста и солидарноста се двата основни принципи на кои се темели синдикалното делување.“

„Анализите на синдикатот покажале дека досега во 50 % од случаите менаџерите не ги почитувааат колективните договори, а законите кој во пследно време се подговтуваат ги загрозуват работничките права .

„Вака необединети, дезорганизирани без страетгија за делување, многу малку сме моќни.“


Доколку се преструктуира сојузот на синдикатите на македонија индустрискиот синдикат е планирано да функционира во рамките на ссм , но доколку во тоа не се успее, се планира формирање на индустриски синдикат кој ќе функцинира самостојно, што пак би значлено драстично намалување на сегашната позиција на ССМ.


„Исклучиво во рамките на ССМ ако успееме ССМ да го престроиме, ако ССМ не се престрои тогаш ќе видиме за нешто друго.“

И додека во меѓувреме се прави анализа меѓу синдикалното членоство колку се тие заинтересирани да се организираат во индустриски синдикат каде еден орган би се грижел за металците, хемичарите, рударите, енергетичарите, дреарите и така натаму. Носачите на ова идеја со најава без или со ССМ индустрискиот синдикат може да стане реалност до крајот на ова година.
XS
SM
MD
LG