Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД планираат нова резолуција за Ирак во ОН


Соединетите Држави, според новинските агенции, денеска планираат пред Советот за безбедност на Обединетите Нации да претстават нова резолуција за Ирак. Повикувајќи се на дипломатски извори, агенциите додаваат дека во резолуцијата покрај предавањето на власта на ирачаните на триесети јуни се предвидува и поголема улога на Светската организација во таа земја. Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува утре да и се обрати на јавноста во врска со неговите планови за иднината на Ирак.
XS
SM
MD
LG