Достапни линкови

Цената ја плаќаат и вработените и корисниците


Понеделник, за студенти и ученици. Луѓето што работат во други градови, ден што започнува со патување, со автомобил, со авторбус, со воз. Изборот најмалку зависи од вкусот. Во услови на високи цени на бензинот, автомобилот се помалку се чини останува решение. Најефтин превоз нудат „Македонски железници“, но само таму каде што има железнички сообраќај. Како изгледа патувањето рано наутро во понеделник, во возот на релација Велес – Скопје, запрашавме една студентка:

„Многу напорно, многу гужва, многу малтретирање. Тешко, нема ниту торбите каде да се стават, а не каде да стои човек.“

Доцнењата, турканиците, лошиот квалитет на транспортот е резултат на лошите состојби во претпријатието „Македонски железници“, каде неодамнешниот штрајк е ставен во мирување. Без пари и вложувања, бројот на возовите се намалува. Се укинувата некои линии:

„Застарено е се и самата пруга и локомотивите и средствата со кои работиме, се е застарено,“

вели еден од вработените. Одиме на работа со минимум ентузијазам, во обид нашите проблеми да не се одразат на патниците:

„Патниците не ни се виновни, тие се тие што мора да ги опслужиме на еден начин, за безбедно да заминат од тука, тие тоа воопшто не го чувствуваат, ама ние си знаеме како е.“

На градската автобуска станица пак, ќе наидете на заклучени врати. Претпријатието „Пролетер“ кое е сопственик на станицата, веќе 50 дена штрајкува.

„Нема плата, нема превоз, нема ништо, а треба на работа да одам, а нема превоз, нас ни е жал за патниците ама што да правиме,“

вели еден од штрајкувачите.

Патниците пак, чекаат, се разбира, незадоволни:

„Патувам секој ден, а моментално чекам.“
„Не сум задоволна, треба да има секој саат, а сега чекаме.“


Оттаму, забелешката на една скопјанка ја сумираат сликата за нашите патувања:

„Не е веќе пријатно чувството, луѓето се откажуваат, немаат желба да патуваат.“
XS
SM
MD
LG