Достапни линкови

Поголема транспарентност во работењето на компаниите


Со стапувањето на сила на новиот правилник за котирање на „Македонската берза“ 20 компании ќе бидат симнати од котација на официјалниот пазар. Или, отсега па натаму, наместо 500 илјади евра, фирмата која сака да котира на берзата мора да има основачки капитал од 2 милиони евра, а бројот на акционери не смее да биде помал од 200.

„Според критериумите коишто сега ги обработуваме и согледуваме дали компаниите ги исполнуваат тие критериуми, произлегува дека 21 компанија ќе треба да ја симнеме од котација,“

вели Милчо Ќупев, директор во македонската берза. Со новиот правилник на берзата се инсистира и на поголема транспарентност на фирмите, три месечни, шест месечни, годишни финансиски извештаи, деловно осетливи инфорамции, зделки, договори, промени во менаџментот, фирмата која котира на берзата овие информации ќе има законска обврска секојдневно да ги пласира во јавните гласила:


„За се што се случува во фирмата и што е значајно за нивното работење тие мораат да дадат соопштенит во јавноста и да дадат информација до Комисијата за хартии од вредност. Котираните компании се должни да дадат информација и до берзата.“

Останува констатацијата дека македонските компании не се многу расположени да ги презентираат своите финансиски извештаи, па макар тоа било цената и да не се котира на официјалниот пазар на македонската берза.

Сомнителните сопственички структури , нереалните финансиски извештаи со цел да се прикрие плаќањето на фискалните давачки, како и опасноста од менување на сопственичките односи се само дел од причините за затвореноста на фирмите.

„Едноставно не сакаат да бидат присутни во јавноста, да се знае состојбата во фирмата. Кај нас знаете, целокупното работење на фирмата е во доменот на деловна тајна, меѓутоа акционирите имаат право секогаш да знаат што се случува со компанијата.“

Само како за пример, компаниите кој сакаат да котираат на атинската берза порај обврската да ги исполнат потребните услови, тие се стават на листа на чекање за да дојдат на котација на официјалниот пазар. Периодот не е пократок од шет години ,а интересот е јасен , со самото котирање фирмата, добива статус на сериозна компанија која има право да врши емисија на сопствени акции со што се стекнуав со најефтин капитал.

За разлика од европските компании Македонските компании кога имаат намера да инвестираат наместо тоа да го учинат со издавање на акции преку берзата, тие по правило се одлучуваат на подигање на банкарски кредити кој се многу поскапи.
Инаку и покрај промените во правилникот за котација на македонската берза останува на сила законската одредба со која се предвидува 50% намалување на даночната основица за секоја фирма која котира на берзата.
XS
SM
MD
LG