Достапни линкови

Мадрид: Најмалку 20 повредени во железничка несреќа


Најмалку 20 лица се повредени, од кои четири потешко, во судир на возови што се случи синоќа во железничката станица Линарехос, на околу сто километри од градот Самора, во северозападна Шпанија. Како што соопштија шпанските медиуми цитирајќи спасители од местото на несреќата, тројца од повредените се пренесени со хеликоптери во блиските болници, а на местото на судирот е поставена полска болница. Според шпанската железничка компанија "Ренфе", несреќата се случила кога два воза што се движеле во спротивни насоки на линијата Мадрид - Виго ла Коруња се судриле. Во моментот на несреќата во возовите се наоѓале 505 патници.
XS
SM
MD
LG