Достапни линкови

Багдад: Двајца американски војници загинаа


Двајца американски војници загинаа во Ирак во два одвоени инициденти, соопшти денеска командата на американските сили во Ирак. Еден американски војник загинал, а тројца се повредени во напад на еден воен конвој во местото Мамудија, 30 километри јужно од Багдад. Командата на американските сили не соопшти кога се случил инцидентот. Според американската војска, маринецот загинал во несреќен случај во близина на Фалуџа, западно од Багдад и неговата смрт не е резултат на непријателски дејства. Од започнувањето на војната, во Ирак досега загинале повеќе од 570 американски војници.
XS
SM
MD
LG