Достапни линкови

Никозија: Кипарските Турци бараат од ОН укинување на ембаргото


Премиерот на турската република Северен Кипар, признаена само од Турција, Мехмет Али Таљат побарал од генералниот секретар на ОН Кофи Анан да ги повика членките на Советот за безбедност да го укинат ембаргото воведено врз турскиот дел на Кипар, јавија турските медиуми. Таљат во писмо упатено до Анан, посочува дека дошол историскиот момент првиот човек на ОН да направи решителен чекор и да објави дека Владата на грчкиот дел на Кипар не е претставник на кипарските Турци. Премиерот на кипарските Турци во писмото во кое изразува благодарност за досегашните напори на Анан во врска со кипарското прашање, воедно побарал тој да ја повика и ЕУ за поконструктивна политика кон кипарските Турци.
XS
SM
MD
LG