Достапни линкови

logo-print

Пет лица загинаа, ранет заменикот министер за внатрешни работи


Американската армија во Ирак соопшти дека 5 лица загинале во експлозија на автомобил бомба пред домот на ирачкиот заманик министер за внатрешни работи во Багдад. Капетан Брајан О Мали изјави дека во експлозијата е ранет и заменикот Абдул Џабар ал Шеикил кој е член на шиитската муслиманска Дава Партија.

„Околу 8 часот и пет минути утрово имаше експлозија од импоровизиран експолозив во возило пред куќата на заменикот министер за внатрешни работи. Тој е во болница и се наоѓа во стабилна состојба.“

Во експлозијата загинале 4 ирачки полицајци и една жена.
XS
SM
MD
LG